Епидемијата на голема кашлица ги наполни вакциналните пунктови
По зголемениот број на заразени со голема кашлица, на пунктовите за имунизација интересот за примање вакцина не стивнува. Најмногу има деца...

Зголемен бројот на вакцинирани деца со дитепер. Епидемијата на голема кашлица ги наполни вакциналните пунктови. Зголемувањето на опфатот со вакцинација е клучен за да се справиме со целата ситуација, велат лекарите. Апелираат дека ова е единствена безбедна превенција и најдобра заштита. Со истиот став се и оние граѓани кои ги анкетиравме.
Во пунктот во Поликлиниката „Јане Санданаски“, последниве 12 дена се вакцинирани над 880 деца.
Иста е сликата и во вакциналниот пункт во Поликлиниката „Букурешт“
Вакциналните пунктови работат во две смени.
Од вакциналните пунктови ги проверуваат и вакциналните картони и се јавуваат да ги повикаат родителите за да ги имунизираат децата. А исто така и во градинките и во училиштата се врши проверка на вакциналниот статус на децата.
Педијатрите велат дека за комплетна вакцинација се смета дете кои ги примило трите дози дитепер вакцина и плус ревакцината. Доколку вакцината е комплетна штити во наредните 5 до 6 години, а потоа има бустер во второ и во деветто одделение.
Ана Јосифоска-Тодоровска
