Здравство

Недефиниран третман причина за одбиеното барање за лекување на Леонид

22.02.2024 19:47

Неопходни се законски измени за промена на старите правилници. Надлежните по одбиеното барање за лекување на Леонид во Виена. Фондот вели, не било прецизно дефинирано...

Недефинираниот третман којшто Леонид треба да го добие во странство била причина Комисијата да го одбие барањето на Бранко Индов.

Од Фондот, ставот на Комисијата го поткрепија и со понудата којашто ја имаа од австриската болница, во којашто стои дека Леонид таму ќе има медицинска и физикална рехабилитација.

Сè уште има можност да се одобри лекување во странство, но само ако се достави документација која ќе го поткрепи тврдењето дека ќе оди на лекување кое што го нема во државата. Децидни се дека рехабилитација во странство не е на сметка на Фондот.

Претставниците од Фондот не сакаа да го коментираат дали во Македонија има можност за рехабилитација на пациент којшто е на респираторна поддршка. Заменик-министерката за здравство Манолева останува на ставот дека има услови за третман на Леонид.

Бранко Индов таткото на Леонид тврди дека нема услови во Македонија да се лекува неговиот син. Ако имало прашува зошто не му кажале да го однесе детето пред да заминат за Австрија. Леонид пред шест месеци се повреди на лекување во Грација, оттогаш е неподвижен и на респиратор за дишење.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски