Во Европа и САД зголемен број самоубиства поради кризата
13.06.2014 14:15
Според податоците на британските истражувачи, кризата во Европа и во САД довела до значителен пораст на бројот на самоубиста, пренесува ББС.

Бројот е зголемен за 10.000 повеќе самоубиства. Си го одзеле животот поради загуба на работното место, на станот, зголемување на долговите.
Според податоците на бројни други истражувања за време на кризата се зголемува бројот на депресивни луѓе.
„Токму отказот или другите животни околности поврзани со рецесијата предизвикуваат депресија, анксиозност, и суицидни мисли кај луѓето без разлика дали претходно имале мантални проблеми или не“, изјавила Бет Марфи од добротворната организација Мајнд.
„На некои луѓе тие околности можат да им станат толку тешки што им се чини дека самоубиството е единствена опција“, рекла таа.
Соња Стојановска
