Македонија

Бочварски во посета на општините Штип и Карбинци

23.02.2024 08:09

Министерот ќе оствари работна средба со претставници на транспортни компании од регионот и ќе изврши увид во реконструкција на патниот правец Долни Балван – Таринци...

Денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе оствари работна посета на општините Штип и Карбинци. Министерот ќе оствари работна средба со претставници на транспортни компании од регионот и ќе изврши увид во реконструкција на патниот правец Долни Балван – Таринци.

Како што најавија од Министерството, предвидени се и изјави за медиумите.