мвр

153 санкционирани возачи во Скопје

23.02.2024 08:11

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.