Загинати цивили во новите руски напади во Одеса
Украинската одбрана соопшти дека пресретнала 23 од 31 беспилотно летало насочени на различни локации во земјата...

Нов руски смртоносен напад во Одеса. Москва ја интензивира офанзивата. Во напад со дрон погодена станбена зграда. Загинаа три лица. Украинската одбрана соопшти дека пресретнала 23 од 31 беспилотно летало насочени на различни локации во земјата.
Доцнењето на воената помош од САД силно влијае на способностите на Украина во спротивставувањето на непријателот-тврдат експертите. Шефот на руската дипломатија го обвини САД дека води не само хибридна, туку и директна војна против Русија. Без американско оружје, Украина не би можела да се бори – изјави Лавров.
В понеделник Франција најави дека ќе одржи состанок за меѓународна поддршка на Украина по повод втората годишнина од руската инвазија. ММФ и Украина постигнаа начелен договор за исплата на 880 милиони долари.
