Собрание
Седници на Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија
23.02.2024 08:37
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Членовите на овие две собраниски комисии ќе дискутираат по една точка – Предлог на законот за вработените во Министерството за одбрана, во второ читање.
Како што стои во образложението за Предлог-законот објавен на собраниската веб-страна, целта на законот е воведување на нови стандарди во работните процеси во Министерството за одбрана и воспоставување на ефикасен систем за управување со човечките ресурси во одбраната, согласно со стандардите на земјите членки на НАТО.
