Ирак

Се распоредуваат воени сили на границата со Турција

23.02.2024 08:40

Одлуката следува откако Турција пред три дена ги интензивираше своите воени операции во северен Ирак во кој загинаа двајца цивили...

Ирак распоредува воени сили на границата со Турција, по засилените напади од Анкара. Одлуката следува откако Турција пред три дена ги интензивираше своите воени операции во северен Ирак во кој загинаа двајца цивили. Во меѓувреме, курдската партија ги предупреди цивилите да не се приближат до турските пунктови во северен Ирак, бидејќи областа е воена зона.

ПКК, која има бази во северен Ирак, се смета за терористичка организација од западните сојузници на Турција, вклучително и САД. Турција спроведе бројни прекугранични офанзиви против ПКК во северен Ирак.