Загинати и повредени во голем пожар во Валенсија
Според извештаите на итните служби најмалку 13 луѓе се повредени, меѓу нив и 6-мина пожарникари. Биле потребни 6 часа откако избил огнот за пожарникарите да ја оладат зградата пред да влезат во неа...

Најмалку четири лица загинаа, 19 се водат за исчезнати по големиот пожар што зафати две станбени згради во источниот шпански град Валенсија. Според извештаите на итните служби најмалку 13 луѓе се повредени, меѓу нив и 6-мина пожарникари. Биле потребни 6 часа откако избил огнот за пожарникарите да ја оладат зградата пред да влезат во неа.
Пожарот избил во 14-катница и за многу кратко време се проширил на соседната зграда. Се претпоставува дека за тоа е виновен ветерот кој во моментот дувал со брзина од 60 километри на час, но и материјалите кои се користеле за изградба на објектот.
Засега нема информации колку луѓе имало во објектите во моментот на несреќата.
