ЦУК

ЦУК: 28 пожари на отворено, еден е уште активен

23.02.2024 09:33

Пожарникарите не биле во можност да реагираат поради непристапниот терен за нивните возила. Од ЦУК велат дека ги известиле ЈП „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ Скопје, Општина Зелениково и ДЗС Скопје.

Центарот за управување со кризи известува дека вчера попладне во 14:15 часот била добиена пријава за пожар помеѓу селата Зелениково и Градовци во општина Зелениково, каде горела ниска шума и ниска вегетација.

Пожарникарите не биле во можност да реагираат поради непристапниот терен за нивните возила. Од ЦУК велат дека ги известиле ЈП „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ Скопје, Општина Зелениково и ДЗС Скопје.

ЦУК Скопје бележи пет, односно четири изгаснати пожари, РЦУК Охрид два, РЦУК Велес и РЦУК Штип по еден, РЦУК Битола шест, РЦУК Тетово пет, додека РЦУК Куманово бележи осум изгаснати пожари на отворено, се наведува во соопштението.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.