Кошарка

Македонија вечерва против Естонија на квалификацискиот циклус за ЕП 2025 година

23.02.2024 10:55

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот е домаќин на Естонија во СРЦ „Кале“ во обид да стигне до прва победа...

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот е домаќин на Естонија во СРЦ „Кале“ во обид да стигне до прва победа за успешно отворање на квалификацискиот циклус за ЕП 2025 година.

Македонија е во групата Х, во која е и селекцијата на Литванија. На ЕП 2025 ќе играат двете најдобропласирани од оваа група, како и Полска, како еден од четирите кодомаќини на континенталниот шампионат (заедно со Финска, Кипар и со Летонија).