Епидемија

Расте бројот на заразени, вкупно 57 случаи на голема кашлица во Скопје

23.02.2024 11:27

Зголемен е и интересот за вакцинација против пертусис. Поради зголемениот број заразени со голема кашлица родителите ги вакцинираат децата.

Во Скопје се евидентирани вкупно 57 случаи на голема кашлица заклучно со 22-ри февруари, информираат од Центарот за јавно здравје.

Зголемен е и интересот за вакцинација против пертусис. Поради зголемениот број заразени со голема кашлица родителите ги вакцинираат децата.

За период од 01.01-08.02.2024 година имало 669 вакцинирани деца од предучилишна возраст, во следниот период, односно од 09.02 - 21.02.2024 година се вкупно вакцинирани 872 деца. Комплетно вакцинирани со пертусис на училишна возраст во периодот од 01.01-08.02.2024 година биле 127 деца, а во следниот период - 264 деца.

Од Министерството за здравство ги повикуваат родителите да ги вакцинираат нивните деца, зашто тоа е  единствената безбедна превенција и најдобра заштита од ова заболување.