Историски „трипл- дабл“ на Јокиќ, собори рекорд на Чембрлен
23.02.2024 11:48
Со 21 поен, 19 скока и 15 асистенции го предводеше својот тим до победата (130:110), но не застана тука...

Српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ против Вашингтон Визардс направи подвиг кој претходно им успеал само на Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.
Со 21 поен, 19 скока и 15 асистенции го предводеше својот тим до победата (130:110), но не застана тука.
Беше без промашување од поле (10/10) и со тоа стана првиот кошаркар кој има 20+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции со 100 отсто шут од поле.
Тоа беше негов четврти „трипл-дабл“ во кариерата без промашување од поле, соборувајќи го рекордот што претходно го делеше со Вилт Чембрлен.
