Македонија

Бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

23.02.2024 12:19

Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на Мајка Тереза.

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници утре организира бесплатен разглед на градот Скопје.

Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на Мајка Тереза.

Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во сабота Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи, велат од Асоцијацијата.

Истовремено Асоцијацијата на туристички водичи ќе организира бесплатен разглед и на Охрид и Битола.