Македонија

Професионалните возачи на „брза лента“ за пасоши

23.02.2024 13:59

Доцнењето на пасошите силно ги засега професионалните возачи. Надлежните најавуваат брзо решение со приоритетно издавање на пасоши за оние на кои возењето им е професија.

Професионалните возачи ќе имаат приоритет во добивањето на нови патни исправи и ќе ги добијат по брза постапка, изјави министерот за транспорт и врски кој имаше средба со транспортерите од источниот регион.

Околу 200 возачи според евиденцијата на Макам Транс во моментот се без пасоши. Во државата има околу 4.000 транспортни компании со околу 14.000 возила, добар дел се соочуваат и со недостиг на работна сила.

Асоцијациите на транспортери бараат зголемување на дневниците на возачите и промена на уредбата за издавање на меѓународни дозволи

Транспортерите се надеваат на брзо решение на проблемот со пасошите, заради кој веќе трпат загуби.

 

Славица Величковска