Македонија

Граѓаните сплотени во собирање средства за лекувањето на Леонид

23.02.2024 18:17

Додека семејството Индов чека од државата да помогне за лекување на младиот Леонид, народот се сплотува. Низ 23 основни и средни скопски училишта се организираат хуманитарни акции во кои се собираат средства...

Додека семејството Индов чека од државата да помогне за лекување на младиот Леонид, народот се сплотува. Низ 23 основни и средни скопски училишта се организираат хуманитарни акции во кои се собираат средства.

Во дворот на средното Ѓорѓи Димитров, каде учи Леонид се одржа хуманитарен базар. Во меѓувреме и спортските организации се приклучија во хуманитарната акција. Од Македонската кошаркарска федерација велат дека целиот приход од продадените билети од натпреварот Македонија-Естонија ќе биде наменет за лекување на 18-годишниот Леонид, а парите од продадените влезници ќе ги донираат и велешките кошаркари од натпреварот во недела.

Родителите на младиот Леонид се надеваат дека второстепената комисија ќе донесе поинаква одлука откако Фондот соопшти дека тие не можат да покријат рехабилитација на државна сметка.