Москва го прошири списокот на претставници на ЕУ на кои им е забранет влез во Русија
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека значително го проширило списокот на функционери и политичари на Европската унија на кои им е забранет влез во Русија како одговор на последната рунда санкции од европскиот блок...

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека значително го проширило списокот на функционери и политичари на Европската унија на кои им е забранет влез во Русија како одговор на последната рунда санкции од европскиот блок.
Москва го прошири списокот на санкционирани претставници на ЕУ како одговор на 13-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија, чија цел е речиси 200 поединци или ентитети кои ја поддржуваат војната во Украина, објави Ројтерс.
„Европската унија продолжува со своите неуспешни обиди да изврши притисок врз Русија со еднострани рестриктивни мерки“, се наведува во соопштението на руското МНР.
