Шпанија
Бројот на загинати во пожарот во зградата во Валенсија се зголеми на 10
23.02.2024 19:51
Меѓу жртвите на пожарот е четиричлено семејство, вклучувајќи тригодишно дете и новородено бебе...

Бројот на загинати во вчерашниот катастрофален пожар во Валенсија порасна на десетмина.
Меѓу жртвите на пожарот е четиричлено семејство, вклучувајќи тригодишно дете и новородено бебе.
Во пожарот целосно изгоре 14-катна станбена зграда во населбата Кампанар во западниот дел на градот. Станарите и очевидците сведочат за брзо ширење на пожарот, кој избувнал на четвртиот кат во 17:30 часот. Тие велат дека попладнето било ветровито, што се смета дека придонело за жестоката траекторија на огнот.
Истрагата е почната, но во зградата и натаму е многу жешко, па пожарникарите успеале да влезат само во подолните катови.
