Фудбал

Весело и разиграно...но, за кого-како!

13.06.2014 14:55

Воведен меч во фудбаската магија како што може да поска секој организатор, и влез во мундијал каков може да посака секој гледач, но не и исход кој го сакаат овие вториве...

Колоритно, весело, ведро, распеано, Бразил насочи и хипнотизира милиони очи да бидат синојќа, па и во следниот месец и повеќе вперени во едно место во нивната разиграна земја. Го повикаа светото да слави, радува и тагува преку БРАЗУКАТА.

Но, зошто мора да постои секогаш расипувач на забавата. Судиското свирче треба и го означи почетокот на она што ќе значи главна повеќе од едномесечна глобална преокупација, фудбалскит мундијал. Синојќа за жал, судиското свирче беше тоа кое значеше нереален пресврт. Судиското свирче беше тоа кое ги стокму Бразил со многу битна стартна мотивирачки, психолошка победа. Ги уништи и разочара Хрватите, па и секој неутрален гледач и љубител на фудбалот. Не дека на бразилците тоа им е потребно со тие имиња и презимиња кои трчаат по зелениот терен. Респектабилна репрезентација која можеби треба да ги меле противниците, но така не, не поради многу нешта.

Воведен меч во фудбаската магија како што може да поска секој организатор, и влез во мундијал каков може да посака секој гледач, но не и исход кој го сакаат овие вториве.

Сите 4 гола на натпреварот беа бразилски, автоголот на Марсело во 11-тата минута ги смрзна запалените Бразилци. Патот до голот упорно, но неуспешно го бараа домашните виртуози, за конечно, Нејмар како го личи со прекрасен гол ги носи резултатски работите на почеток. Вториот дел рамноправноста на терен ги фрлаше во очај домаќините се до помошта од јапонскиот судија со свирнување непостоечки пенал во 71 минута, кој Нејмар го претвора во 2:1. Пресвртницата резултираше со нервоза и револт кој се обидоа Хрватите да ги насочат во позитива за себе, но се чини уште еден намерен или не подарок со недосуден фаул, значеше ако ништо повеќе уште една прекрасна глетка на топката упатена мајсторски овојпат од Оскар зад Плетикоса. Збудалеа 64-те илјади на арената во Сао Паоло.

Бразил и натаму останува непоразена селекција на свое тло. Хрватска, пак точно е по вторпат Бразилски мундијалски поразената, но синојка не и надиграна и понижена.

Денешниот ден на првенството веќе го фаќа редот. Од А групата за доигрување и комплетирање на првот коло ги гледаме, Мексико и Камерун во 18 часот, во 21 часот одиме со супер дуелот од Б групата, на терен бранителот на планетарниот трон Шпанија гради в гради за воведен елан со Холандија. Од истата група денот го затвораат или го отвораат следниот(на полноќ0, Чиле и Авсралија. Да бидете дел од сите три мундијалски уживања ви овозможува единствено МТВ еден, со збогатување на јубилејниот собир на најдоброто од фудбалот, со разговори и анализи во емисијата посветена на глоблното лудило, почнувајќи од 16 часот.