Руско-украински конфликт
Денеска се навршуваат две години од руската агресија на Украина
24.02.2024 09:37
Претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен и белгискиот премиер Александер де Кро, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, се во посета на Украина за да ја потврдат поддршката на Брисел...

Светот денеска ќе ја одбележи втората годишнина од руската агресија на Украина. Претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен и белгискиот премиер Александер де Кро, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, се во посета на Украина за да ја потврдат поддршката на Брисел.
На фронтот продолжуваат борбите, но и меѓусебните напади со најсовремено оружје. Претседателот Зеленски изјави дека украинската армија подготвува нова контраофанзива во Црно Море и во зоната на специјални воени операции.
