Израел-Хамас

Хамас ги заврши преговорите во Каиро, се чека реакцијата на Израел

24.02.2024 09:52

Претставниците на Хамас, во Каиро, ја завршија последната рунда преговори за прекин на огнот во Газа со египетските претставници...

Претставниците на Хамас, во Каиро, ја завршија последната рунда преговори за прекин на огнот во Газа со египетските претставници. Го чекаат исходот од преговорите меѓу претставниците на Египет и Израел, кои треба да се одржат викендов во Париз.

Тел Авив не отстапува од ставот дека воените сили нема да се повлечат, додека Хамас не биде целосно уништен. Палестинските власти остро го критикуваа планот „ден потоа“ за Газа, претставен од Нетанјаху, нарекувајќи го „осуден на неуспех“.