Во Куманово недостиг на инсулин и глукомери
Од почетокот на годинава проблеми со инсулин. Дијабетичарите реагираат на делумен недостиг, но и на недоволен број глукомери. Во Куманово лицата се снаоѓаат со стари апаратчиња...

И годинава недостига инсулин, но и глукомерите се испорачани во ограничен количина, недоволна за пациентите во најголемата општина во земјава. Од Здружението на дијабетичари Куманово со реакции. Испорачана количина од 1.000 глукомери, а во градот над 3.800 пациенти на инсулинска терапија. Доставените велат се во лоша состојба, па граѓаните се жалат дека се неисправни.
„Инсистираме да се набават зашто фармацевтските куќи тврдат дека има доволно инсулин, а Министерството за здравство ги ограничува количините и затоа имаме проблеми со набавка на инсулини. Не е само да ги има, треба да бидат квалитетни за да може правилно да се мери гликемијата“, изјави претседателот на Здружението, Зоран Бојковски.
За да го надминат проблемот дијабетичарите од Куманово се снаоѓаат со старите апаратчиња. Инсулин често набавуваат и едни од други.
„Се фаќаат лентите на старите апаратчиња што не е добро, различни ленти во друг апарат но за инсулините има одредени промени кои им се даваат на луѓето но тоа не е добро ако организмот навикнал на еден инсулин со тоа треба да продолжи“, дополни тој.
Бројката на заболени велат од здружението е загрижувачка. Меѓу членовите има голем број дечиња.
Според податоците во Куманово на инсулинска терапија се 3.800 лица. Севкупно од североистокот заболени се околу 10.000 граѓани.
За проблемот здружението реагирало до Сојузот. Поднеле тужбено барање и очекуваат разрешница.
Елена Георгиевска
