Подобри патишта и без застој во извозот, бараат прилепски стопанственици
Пелагонискиот е втор, по Скопскиот регион, кој со преку 11 проценти учествува во бруто домашниот производ. Изборната година е голем предизвик, а приоритети за стопанството во регионот се автопатиштата, извозот да нема застој поради патните исправи и зголемување на стандардот на населението...

Подобра инфраструктура, разрешување на застојот со патните исправи за да не го кочи извозот и политиката да не се меша во бизнисот, се барањата на прилепските стопанственици за подобра стопанска година. Последниве години на кризи – пандемијата, воените конфликти директно се одразуваат на стопанските текови, но посебен предизвик е изборниот период кој, според искуството, бизнисот го става во втор план. Најголем застој може да имаат компаниите кои соработуваат со државните институции.
Стопанството зависи од инфраструктурата. Стопанствениците од Пелагонискиот регион бараат побрзо да заврши изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, а да почне реализацијата на автопатот Прилеп-Битола
Повисокиот стандард на населението мора да биде приоритет.
Пелагонискиот е втор, по Скопскиот регион, кој со преку 11 проценти учествува во бруто домашниот производ.
Елизабета Митреска
