ФРАНЦИЈА

Француски земјоделци упаднаа на саем во Париз, каде требаше да се појави Макрон

24.02.2024 11:29

Група француски земјоделци упаднаа на големиот земјоделски саем во Париз за време на планираната посета на претседателот Макрон. Француската полиција се судри со демонстрантите, има уапсени...

Група француски земјоделци упаднаа на големиот земјоделски саем во Париз за време на планираната посета на претседателот Макрон. Земјоделците повикуваа на оставка од шефот на државата. Француската полиција се судри со демонстрантите, има уапсени.… Земјоделците се незадоволни од трошоците, бирократијата и „зелените“ прописи.

Претходно, овој месец, ги прекинаа протестите откако премиерот Габриел Атал вети нови мерки вредни 400 милиони евра. Но, демонстрациите продолжија неделава, пред саемот за земјоделство во Париз, со цел да се изврши поголем притисок врз Владата да испорача поголема помош и да ги исполни ветувањата.