САД

Судот му нареди на Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари во случајот финансиска измама

24.02.2024 11:43

Трамп беше прогласен за виновен од судот во граѓански случај за измама при проценката на имотот на неговата компанија „Трамп Организејшн“...

Судија од Њујорк му нареди на Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари откако беше прогласен за виновен за фалсификување податоци за неговата финансиска состојба.

Трамп беше прогласен за виновен од судот во граѓански случај за измама при проценката на имотот на неговата компанија „Трамп Организејшн“. Покрај тоа, на републиканецот му е забрането, во период од три години да работи како службеник или директор на која било корпорација на територијата на државата Њујорк и да аплицира за заеми од финансиски институции регистрирани во државата. Трамп најави дека ќе поднесе жалба на одлуката.