„Ослободување на Скопје“ под режисерска палка на Раде Шербеџија
13.06.2014 15:10
Во филмот до голем израз ќе дојдат македонскиот сензибилитет, музика, архитектура и нашите природни убавини...

Во септември, под режисерската палка на Раде Шербеџија, ќе почне снимањето на филмскиот проект „Ослободување на Скопје“.
Екипата ќе работи на локации во Велес и во Битола, а филмот, во кој ќе бидат ангажирани актери од повеќе земји, целосно ќе биде на македонски јазик.
Во филмот до голем израз ќе дојдат македонскиот сензибилитет, музика, архитектура и нашите природни убавини, рече Канческа-Милевска и изрази надеж дека ќе имаме успешен филм. Додаде дека Шербеџија е голем поддржувач на Македонија.
Денеска, актерот со светска слава и голем пријател на Македонија, Раде Шербеџија, и официјално го прими македонското државјанство.
