Партиите со спротивставени ставови за изборот на шефот на државата во иднина
Додека 13-те потенцијални кандидати за претседател на државата ги собираат потребните потписи, партиите со спротивставени ставови како треба да се гласа за шеф на државата во иднина...

И додека 13-те потенцијални кандидати за претседател на државата ги собираат потребните потписи, партиите со спротивставени ставови како треба да се гласа за шеф на државата во иднина. Интегративците очекуваат поддршка од македонските партии за нивната идеја, претседател на државата да се бира во законодавниот дом со двотретинско мнозинство и со Бадентер. ДУИ побара еднаквоста да не се толкува како уцена.
ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа, одговорија од партијата. Според нив, било очекувано ДУИ да излезат со, како што велат, национал-романтичарски барања.
И СДСМ е на ставот, шефот на државата да се избира на непосредни избори, а не во Собранието. Според нив, изборниот модел не треба да се менува.
Наташа Гркова Петрушевска
