Студентите бараат достоинствени услови во студентските домови
Во регионот се членови на коњички спортови, кај нас немаат можност ниту за соодветна лична хигиена. Студентите во околните држави имаат достоинствени услови и статус, во Македонија сè уште се борат за легло, каде што повеќемина во мала квадратура ќе стават глава на перница.

Четири лица делат соба. Основните услови за лична хигиена, некогаш се луксуз. Вака раскажува 20-годишна студентка која втора година престојува во студентскиот дом „Стив Наумов“.
Државата повеќе да инвестира во студентските домови. Капацитетот е намален со затворањето на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, кој има околу 500 легла. Дел од објектите долги години имале несредени имотни листови, но тоа е решено и се очекува да почне реновирањето. Субвенциите не се доволни да ги покријат трошоците, вели директорот на студентските домови, Виктор Велевски.
Коњички клубови, паркови, клима-уреди. Ова е реалност во студентските домови од регионот.
„Сите студентски домови во Србија се реновирани со поддршка на Министерството за образование и се работи на зголемување на капацитетот, бидејќи од година во година се зголемува и потребата од место повеќе“, вели Милена Кузмановиќ, директорка на студентски дом во Ужице.
„Поголемиот дел се двокреветни и трокреветни, само еден мал дел се еднокреветни. Сите имаат бањи и кујна, фрижидери, клима-уреди и 24 часа греење и топла вода“, дополни Кузмановиќ.
И додека студентите во регионот престојуваат во пристојни услови, нашите домови чекаат да бидат реновирани. Пред четири месеци за првпат е изграден студентски дом во Тетово.
Александра Велинова
