Избори 2024

Тече рокот за собирање потписи за кандидати за претседател, досега во игра 13 имиња

24.02.2024 16:08

Канцелариите на ДИК отворени викендов, се собираат потписи за потенцијалните претседателски кандидати. Граѓани се жалат дека се принудени да одат во други општини...

Канцелариите на ДИК отворени викендов. Ама многу граѓани се жалат дека не им се достапни во нивните места на живеење, па за да стават потпис за поддршка на некој од потенцијалните претседателските кандидати, треба да одат во друга општина.

Избирачите со навршени 18 години имаат право да се потпишат во подрачните одделенија на ДИК. Досега во игра се 13 имиња, некои поддржани од партиите, други кои сакаат да истрчаат како независни кандидати за шеф на државата.

Фаворит на СДСМ е актуелниот претседател Пендаровски, кој сè уште чека потврда на партиската конвенција, исто како и професорката Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ се определи за Бујар Османи, здружената албанска опозиција за Тар

Најавено е дека потписи ќе собираат и Мерсиха Смаиловиќ од „Бошњачкиот демократски сојуз“, лекарот Вело Марковски како независен кандидат, како и Томе Николовски, Господин Поповски, Ѓорѓи Манасков и Зорица Цветковска.

Освен потписи, постои и друга можност со поддршка со најмалку 30 пратеници. Рокот почна од 23-ти февруари и ќе трае до 8-ми март.

 

Игор Панов