Каде низ Бразил ќе се почуствува конкретно еуфоријата?
Ги претставуваме трите денешни убавици, Пантанал, Фонте Нова и Дунас арените...

Грандиозноста на настанот од глобални размери покрај репрезентациите со играчите, ја носат или без нив не би била целината, стадионите. Импозантноста на истите дополнително секогапш буди воздишки, влече коментари. Расфрлани по колоритниот и весел, Бразил епицентрите на ефоријата секои со своја приказна и белег. Ги претставуваме трите денешни убавици, Пантанал, Фонте Нова и Дунас арените.
Се отвора денот со Мексико и Камерун кои влегуваат во дуел на Дунас арената, која се наоѓа во најбезбедниот главен град Натал во држава Рио Гранде Норте. Тој воедно со 800 илјади жители е и втор најмал главен град во Бразил. Го карактеризираат пак, најголемиот број сончеви денови во годината. Дунас Арената ги имаше и највисоките оценки од страна на мониторингот на ФИФА. Идејниот творец на оваа убавица во облик на школка, или песочна дина уште една карактеристика за Натал, е водечкиот светски архитект за стадиони, Кристофер Ли. Дунас арената е изградена на местото на Мачуда стадионот кој од 1972-та година ги опслужувал фудбалските фанови. Капацитетот на новото здание кое финалниот лик го доби годинава изнесува 42 илјади 86 места, а ќе биде домаќин за мундијалот уште за натпреварите, Гана-САД, Италија-Уругвај и Јапонија-Грција.
Премиерното појавување на актуелниот шампион Шпанија против Холандија ќе се случи на Арената Фонте Нова во Баија Салвадор, најстарата колонијална престолнина, која го носи епитетот среќа. Првично не ги оправда вложените 600 милиони долари, за по попатните реконструкции се добие финалниот изглед и функција. Инаку, и ова здание е подигнато на место на стар стадион со кој се врзуваат тажни спомени со жртви при рушење на дел од трибините 2007-та. Ако вечерва арената Фонте Нова биде исполнета до последно место за шампионите, тогаш ќе се избројат 52 илјади 48 посетители, иако архивата има забележано рекордна бројка од 110 илјади гледачи. Тоа е Бразил! Низ тревнатиот терен на Фонта Нова уште мундијалски ќе истрчаат, Германија против Португалија, Швајцарија-Франција и Босна и Херцеговина-Иран.
Денот ќе го затворат Чиле и Австралија на Пантанал Арената, која се наоѓа во Куиаба главниот град на државата Мато Гросо. Она што е интерсно за овој град е што се наоѓа точно во центарот на Јужна Америка со подеднакво растојние од Тихиот и Атланскиот океан, 2 илјади километри. Локацијта за стадионот изнаидена и тука лесно, на местото на дотогашниот Жозе Фрагли. Новото здание е со капацитет од 43 илјади и 500 посетители, а уште го викаат и Вердао, или Голем Зелен поради специфичноста на неговата околина и ретките дрва таму. Босна и Херцеговина против Нигерија ќе има настап на Пантанал, како и Чиле-Австрија, Русија-Јужна Кореја и Јапонија-Колумбија.
