ИЗРАЕЛ - ХАМАС

Напади во Појасот Газа, во Париз преговори

24.02.2024 17:02

Десетици жртви во Појасот Газа, во време кога се во тек преговори за прекин на огнот во Париз ,со индивидуални состаноци на претставници на Мосад, Катар, САД и Египет...

Десетици жртви во Појасот Газа, во време кога се во тек преговори за прекин на огнот во Париз ,со индивидуални состаноци на претставници на Мосад, Катар, САД и Египет. Засегнатите страни се надеваат дека ќе го запрат израелскиот напад врз Рафах, каде што се сместени повеќе од еден и пол милион Палестинци.

Израел претходно најави дека ќе го нападне градот доколку наскоро не се постигне договор, а Вашингтон предупреди дека таквиот потег ќе доведе до голем број цивилни жртви.

Претходно, израелскиот премиер Нетанјаху, на членовите на воениот кабинет им го претстави планот за Појасот Газа, според кој целта е да се замени палестинската милитантна група Хамас со локални функционери кои не се поврзани со тероризмот за да управуваат со службите во енклавата.