Украина

Зеленски ги повика сојузниците од Г7 навреме да достават воена помош за Украина

25.02.2024 09:08

Групата седум водечки индустриски најразвиени земји во светот ветија континуирана поддршка...

Украинскиот претседател Зеленски ги повика западните сојузници да достават воена помош до неговата земја навреме, нагласувајќи ја потребата да се заштити украинското небо и да се зајакне армија.

Групата седум водечки индустриски најразвиени земји во светот ветија континуирана поддршка. Земјите од Г7 ја повикаа Москва „целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили од меѓународно признатата територија на Украина“.