Македонија

Вељаноски: Да се овозможи правото на глас

25.02.2024 14:36

Поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, ја повика Државната изборна комисија да им овозможи на сите наши државјани да го остварат своето уставното право на гласање...

Поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, ја повика Државната изборна комисија да им овозможи на сите наши државјани да го остварат своето уставното право на гласање.

„Единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин и да си полнолетен, а личните документи служат само за идентификација“, укажува Вељановски.

Според него, личните карти и пасошите со Република Македонија и со рок на важност подолг од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста, која сака да го оствари правото на гласање. Поранешниот собраниски спикер потсетува дека и во 1998-та година, ДИК донела правилник и упатство за гласање со старите лични карти и пасоши од Југославија.