БЕЛОРУСИЈА

Парламентарни и локални избори во Белорусија

25.02.2024 14:46

Граѓаните на Белорусија избираат 110 пратеници во Народното собрание и 12.500 советници со мандат од пет години. Во избирачкиот список се запишани близу седум милиони граѓани...

Парламентарни и локални избори во Белорусија. Граѓаните избираат 110 пратеници во Народното собрание и 12.500 советници со мандат од пет години.

Во избирачкиот список се запишани близу седум милиони граѓани. Повеќето од кандидатите се членови на четирите официјално регистрирани партии, Белаја Рус, Комунистичката партија, Либерално-демократската партија и Партијата на правото и правдата. Сите четири партии ја поддржуваат политиката на претседателот Александар Лукашенко.

Белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановска, која е во егзил во соседна Литванија, откако ја оспори победата на Лукашенко во 2020-та година, ги повика гласачите да ги бојкотираат изборите.