Победа на Трамп во Јужна Каролина
Ривалката на Трамп, Ники Хејли, која беше гувернерка на сојузната држава, ја честиташе победата и рече дека планира да ја продолжи трката, иако загуби во Невада, Њу Хемпшир и Ајова...

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, победи на партиските избори во Јужна Каролина. Ривалката на Трамп, Ники Хејли, која беше гувернерка на сојузната држава, ја честиташе победата и рече дека планира да ја продолжи трката, иако загуби во Невада, Њу Хемпшир и Ајова. Двата предизборни тима на републиканците се подготвуваат за „супер вторник“, клучниот дел за предизборниот процес кога кандидатите се натпреваруваат за поддршка од 20 насто од вкупниот број на делегатите.
„Сакам да кажам дека никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета, никогаш не било вака. Во моментов, ние сме за потсмев низ целиот свет. Нашата земја повторно ќе биде почитувана, како никогаш досега. Можете да славите околу 15 минути, но потоа треба да се вратиме на работа. Доаѓа големиот датум, доаѓа Мичиген. Одлично ни оди. И потоа имаме нешто, наречено Супер вторник“, изјави републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп.
„Сакам да му честитам на Доналд Трамп за неговата победа. Без разлика на резултатите, јас ги сакам луѓето во нашата држава. Не се откажувам од оваа борба, особено кога мнозинството Американци не ги одобруваат и Доналд Трамп и Џо Бајден. Ќе продолжиме да се бориме и нема да мируваме додека Америка не победи. Реков претходно, оваа недела, дека што и да се случи во Јужна Каролина, ќе продолжам да се кандидирам за претседател. Јас сум жена од збор“, изјави Ники Хејли, републикански претседателски кандидат.
