Македонија

Изборот на претседател во Собранието - популистичка теза, коментираат политиколозите

25.02.2024 16:06

Впечатокот е дека партиите од албанскиот кампус пуштаат пробен балон за да прокнижат повеќе гласови на изборите. Политичките аналитичари не очекуваат ваквото условување да биде клучен предуслов за идните коалиции за формирање влада.

Не е спорно во едно мултиетничко општество, претседателот на државата да биде етнички Албанец, но, тој треба да биде избран на непосредни избори, а не преку поставување политички ултиматуми, вака политикологот Благојче Атанасовски го коментира предлогот што го лансираа интегративците за избор на шеф на државата со двотретинско мнозинство и Бадентер во Законодавниот дом, нешто што го поддржа и Алијансата на Таравари.

Други политички аналитичари препознаваат обид на ДУИ да ќари гласови во пресрет на двојни избори и создавање простор за политички пазарења.

Изборот на претседател во Собрание не е новитет во нашата земја. Таков беше случајот со првиот претседател Киро Глигоров.

 

Александра Велинова