Повредениот полицаец од Тетово, префрлен во Клинички центар Скопје

13.06.2014 15:27

51-годишниот службеник во одделението за безбедност во сообраќајот, кој претпладнево беше ранет од огнено оружје, во полициската станица во Тетово, е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Инцидентот се случил во службените простории, и според првичните сознанија, во него пукал негов колега.

Јавниот обвинител излегол на лице место, а во увидот биле вклучени и претставници на секторот за внатрешна контрола.

Истрагата е во тек.