Скопјани можат електронски да проверат дали им е изработен пасошот
Денеска е ставена во функција, претходно највената можност, граѓаните на Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите „Пролет“ и „МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска е ставена во функција, претходно највената можност, граѓаните на Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите „Пролет“ и „МТВ“ да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.
„Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на метежот кои се создаваа, бидејќи граѓаните беа принудени да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен. Исто така, во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти“, велат од МВР.
Проверката може да се направи на следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/document_status
