Свет
Американски војник се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон
26.02.2024 08:41
Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба.

Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба.
Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба.
Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил вклучен активен воздухопловец.
