мвр

71 санкционирани возачи на територијата на општина Велес

26.02.2024 10:33

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 71 возач, од кои 22 за возење без возачка дозвола, шест санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет санкции за возење под дејство на алкохол. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.