Франција
Загинати и исчезнати во лавина во Мон Доре
26.02.2024 09:38
Несреќата се случила во Вал д’Енфер во близина на ски-центарот Мон Доре на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри...

Најмалку четири лица загинаа во лавина во Масив Централ, планински венец во јужниот дел на централна Франција. Повредени сè уште три лица, а двајца се водат за исчезнати. Несреќата се случила во Вал д’Енфер во близина на ски-центарот Мон Доре на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри.
Несреќата најверојатно се случила поради дождот кој ја оптоварил снежната покривка која се формирала неколку часа претходно. Лошото време ја отежна потрагата по исчезнатите. Лавините на централниот масив се доста ретки.
