Во Париз состанок на 20 шефови на држави и влади
На состанокот преку видео врска ќе се обрати и украинскиот претседател Зеленски, кој веќе најави нова контраофанзива во земјата во момент на засилени руски напади...

Во Париз состанок на околу 20 шефови на држави и влади, уште еднаш ќе го покажат своето единство и поддршка за Украина. На состанокот преку видео врска ќе се обрати и украинскиот претседател Зеленски, кој веќе најави нова контраофанзива во земјата во момент на засилени руски напади. На прес-конференција во Киев тој уште еднаш ја истакна потребата од повеќе оружје, надевајќи се дека Конгресот наскоро ќе ја изгласа воената помош за Киев. Ги потврди и плановите за меѓународен мировен самит во Швајцарија пред потенцијалната покана до руските претставници на вториот самит годинава.
„Ќе понудиме платформа каде што Путин ќе може да се согласи дека ја загубил оваа војна. Мора да има правда по ова прашање. Ние немаме алтернатива освен да победиме, во спротивно нема да постоиме. Тоа зависи од вас, од партнерите, од западниот свет. Ако бидеме силни со оружје, тогаш нема да ја изгубиме оваа војна, ќе победиме“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
