Штрајк на приватните лекари во Јужна Кореја
Лекарите веќе цела недела не работат во знак на протест против владиниот план да се зголеми квотата за прием на медицински факултет за 2.000 студенти поради дефицитарниот кадар...

Владата на Јужна Кореја со ултиматум до лекарите-приправници до четврток да се вратат на работа во спротивно ќе одговараат пред законот. Лекарите веќе цела недела не работат во знак на протест против владиниот план да се зголеми квотата за прием на медицински факултет за 2.000 студенти поради дефицитарниот кадар. Наместо тоа, тие бараат средствата да ги искористат за зголемување на медицинските такси, кои се ниски. Поради протестот големите болници во Сеул беа принудени да ги откажат операциите, предизвикувајќи незадоволства кај пациентите.
„Апелирам за последен пат-доколку се вратите на работа до четврток, нема да одговарате. Болниците што ги оставивте се полни со вознемирени и загрижени пациенти. Се надевам дека ќе се вратите и ќе се вклучите во дијалог за доброто на подобра медицинска нега. Запомните-вашите гласови ќе се слушнат погласно кога сте до пациентите“, изјави Ли Санг-Мин, министер за внатрешни работи и безбедност на Јужна Кореја.
