АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

26.02.2024 10:34

Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 м. има на патниот правец Кичево – Гостивар и до 100 м. на планинските превои Плетвар и Ѓавато...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 м. има на патниот правец Кичево – Гостивар и до 100 м. на планинските превои Плетвар и Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.