Кошарка

Тимот на Денвер славеше против Голден Стејт

26.02.2024 11:45

Тимот на Денвер ја продолжи победничката низа во НБА лигата откако во изминатата вечер славеше против Голден Стејт со 103:119...

Тимот на Денвер ја продолжи победничката низа во НБА лигата откако во изминатата вечер славеше против Голден Стејт со 103:119, а во овој натпревар трипл-дабл забележа српскиот интернационалец, Никола Јокиќ. Никола Јокиќ постигна 32 поени, со 16 скокови и 16 асистенции, имаше поддршка од Мареј кој реализираше 27 поени.

За Јокиќ ова беше трет-трипл-дабл во кариерата со повеќе од 30 поени, 15 скокови и 15 асистенции со што го надмина легендарниот Вилт Чемберлен на втората позиција.