Турски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

13.06.2014 15:41

Во почетокот на 2014-та е забележан раст на трговската рaзмена со Турција...

15 турски компании, заедно со Македонските, ја разгледуваат можноста за инвестирање во земјава. Турските бизнисмени се заинтересирани за текстилот, автомобилската индустрија, земјоделството и железницата.
 
Претставниците на компаниите  присутни на бизнис-форумот доаѓаат од познати компании од Сакарија. Свесни сме дека има многу голем потенцијал за соработка меѓу двете земји и токму затоа сме тука за да откриеме што во иднина може да се направи за да се подобри соработката. Ги испитуваме можностите за инвестирање во Република Македонија, а наша цел е да видиме дали може тука да најдеме партнери со кои во иднина ќе може да работиме заедно, изјави Халит Инчи, претседателот на МУСАИД, Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСАИД) од градот Сакарија, која денеска имаше бизнис средби во Стопанската комора на Македонија. 
 
Во почетокот на 2014-та е забележан раст на трговската рaзмена со Турција. Таа надминала 152 милиона американски долари,126 милиони биле увоз, а 26 милиони извоз.