Ватикан

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

26.02.2024 12:00

По повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отпатува за Рим, каде што утре ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“...

По повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отпатува за Рим, каде што утре ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“.

Г. г. Стефан, како што соопшти неговиот кабинет, на патувањето е придружуван од митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, професорот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и поранешен македонски амбасадор во Ватикан, проф. Ѓоко Ѓорѓевски, како и од свештенослужители од Скопската епархија. На Молебенот ќе сослужува и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Во текот на посетата, г. г. Стефан денеска официјално ќе биде примен од Неговата Светост, Папата Франциск. На средбата, како што е наведено во соопштението, ќе присуствува и македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова.