Воен конфликт

Во Париз состанок за итна воена помош за Киев

26.02.2024 12:39

Во недостиг на брза испорака на помош на Украина, Макрон го свика шефовите на седумте најразвиени земји во светот за да се забрза воената опрема и да се одговори на офанзивата на Русија. Швајцарија планира мировна конференција што треба да се одржи летоска, но таков мировен самит не може да помине без учество на Кремљ, одговорија од Москва. Руската војска е во офанзива, Зеленски најавува контраофанзива…

Во екот на руската офанзива во Украина, во Париз се сретнаа дипломатијата и шефовите на седумте најразвиени. Се бараат итни средства за Киев да може да ѝ возврати на Москва. Најтешко ќе биде во наредните два месеца, порача украинскиот претседател.

„Ќе биде тешко за нас во март и во април. Ќе минуваме низ период на различни притисоци, политички, финансиски. Русија се подготвува за контраофанзива летоска или кон крајот на мај. Ние се подготвуваме за тоа. Ако навреме ги добиеме патриотите ќе ги инсталираме до нивните линии, и тие не ќе можат да дојдат до нас. Само 10 системи патриот во основа ќе ја сменат состојбата“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски смета дека изборите во САД ќе бидат пресвртница за прашањето да се биде или не. И да се организира самит каде што ќе се наметнат украинските услови за мир. Мировна конференција најави и Берн во средината на годината.

„Русија нема добиено никакви контакти за конференцијата во Швајцарија. Колку што разбравме, ќе се дискутира мировниот план на Зеленски. Тоа е за нас чуден формат, каде што Русија не е вклучена во дискусијата. Ова е смешно“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Путин.

На 22-ри февруари беше одбележана 10-годишнината од Мајдан, револуцијата со која падна проруската власт во Киев. Како контрапункт, Русите организираат 10 години од заземањето на украинскиот полуостров Крим кој почна со немирите пред парламентот во Симферопол.

„Многу сум задоволен што се приклучивме кон Русија. Мислам дека сме заштитени на Крим. Генерално спиеме мирно“, вели Михаил- жител на Крим.

„Симболот на неуништливоста е мостот на Крим. Имаме и информатички центарСемашко, нема потреба да патувам до Русија. И зборувам руски“, додава Елена-жителка на Крим.

Страшни сцени пристигнуваат северно од Харков, каде што руските ракети оставија зад себе урнатини и жртви во украинскиот град Суми. Според Кремљ, и Одеса е цел на постепеното руско освојување на украинската територија.

Зоран Богатинов