Дилеми во јавноста за предлогот за избор на претседател во Собранието
Идејата на албанските партии, претседател да се бира во парламентот наместо изборот да зависи од гласот на граѓаните, отвори многу дилеми во јавноста. Поголем дел од политичките партии се против ваквата идеја. Во регионот, пратениците избираат шеф на државата во Албанија, Косово и Грција...

Три децении во суверена независна Македонија граѓаните си ги бираа петтемина претседатели на државата. Директниот избор на шефот на државата како модел од неодамна го оспоруваат дел од партиите на Албанците и очекуваат сите политички партии да ги поддржат кога ќе се отвора Уставот за внес на Бугарите и другите малцинства за да се измени и моделот во индиректен. Поголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме се противат ваквиот луксуз, како што велат, да им го доверат на пратениците.
Дел од аналитичарите како Бен Андони за МТВ велат дека во Албанија не се покажал воопшто добар поради можноста за прегласување од страна на мнозинството кое после три етапи може согласно Уставот во четвртата или петтата етапа да го активираат мнозинството. Исто така можноста да се предлага од 20 пратеници често се апсолвира од самиот премиер кој доаѓа од партијата која има мнозинство.
„После уставните измени од 2008 главната моќ ја има премиерот. После тоа сите избори за претседател на државата особено последните два направени од Социјалистичката партија беа реализирани со картоните на индивидуи од оваа партија. Сметам дека најдобриот модел всушност е тоа што се бара сега од целокупната јавноста во Албанија па и од самиот парламент е претседателот на државата да се бира од народот“, изјави Бен Андони.
Во Европа земјите се речиси поделени според тоа како го избираат шефот на државата. Избори каде граѓаните самите и најчесто во два круга ги бираат претседателите се Австрија, Франција, Полска, Чешка, Кипар, Словачка и други. А од нашето опкружување Бугарија, Србија и Хрватска. Додека пак оние каде пратениците ги избираат во Собранието се Германија, Унгарија, Италија, Малта, Швајцарија и други, а од нашето соседство Грција, Косово и Албанија.
Фиљана Кока
