Голем јаз меѓу највисоката и најниската плата во земјава
Сè поголем станува јазот меѓу платите во земјава. Во декември највисока исплатена била во ИТ-секторот, близу сто илјади денари. Наспроти тоа, голем е бројот на работници кои примаат минимална плата која изнесува нешто над 20 илјади денари. Од друга страна компаниите се жалат на недостиг на работници...

Голем е јазот помеѓу највисоката и најниска нето-плата во земјава. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека највисоката нето-плата во декември е во секторот компјутерско програмирање односно околу 100.000 денари, следува воздушниот транспорт над 80.000 денари. Стручни, научни и технички дејности над 60.000 денари. Претседателот на работодавачи Ангел Димитров вели дека најголем недостиг на работници има во преработувачката индустрија, градежништвото и угостителство и хотелиерство.
Димитров додава дека според директивата на Европската унија, најниската плата треба да биде околу 50 проценти од просечната. Целта според него е што повеќе работници да зимаат минимална плата, а сите други мора да имаат повисоки плати. Со тоа, трендот на немање работници, ќе ги натера работодавачите да ги користат сите можности да ги зголемат платите. Минималната плата не е толку голем притисок за покачување на платите, колку што е недостигот на работници, вели првиот човек на ДЗС.
Просечната нето-плата од месец март ќе изнесува 22.500 денари што сè уште е меѓу најниските во регионот.
